Nokia C2 01 - Галерија

background image

Галерија

Вашиот телефон поддржува систем на управување со дигитални права (DRM) за да

ја заштити стекнатата содржина. Секогаш проверувајте ги условите за испорака на

секоја содржина и клучот за активирање пред да ги преземете, бидејќи тие можеби

се наплаќаат.
Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија за

управување со дигитални права (ДРМ; digital rights management – DRM) за заштита

на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој

уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до содржини заштитени

со ДРМ. Со овој уред можете да пристапите на содржини заштитени со WMDRM 10,

OMA DRM 1.0, OMA DRM 1.0 однапред заклучени и OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ

софтвер не успее да ја заштити содржината, сопствениците на содржината може

да побараат таквата ДРМ софтверска можност за пристап до новите содржини

Галерија 27

background image

заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето исто така може да спречи

обнова на таквата содржина заштитена со ДРМ веќе во Вашиот уред.

Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето на содржини

заштитени со друг тип на ДРМ или користење на содржини незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање што ги

дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на клучевите за активација и на содржината, користете ја функцијата за

правење резервни копии на Nokia Ovi Suite.
Другите методи на префрлување може да не ги пренесат клучевите за активирање

кои треба да се повратат со содржината за да можете Вие да продолжите со

користење на содржината заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе

биде форматирана. Може исто така да треба да ги повратите клучевите за

активирање во случај датотеките на Вашиот уред да бидат оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и клучевите за активирање

и содржината ќе бидат изгубени ако меморијата на уредот се форматира. Може

исто така да ги загубите клучевите за активирање и содржината ако датотеките на

Вашиот уред бидат оштетени. Губењето на клучевите за активирање или на

содржината може да ја ограничат Вашата можност за повторно користење на

истата содржина на Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте го Вашиот

оператор.
Погледнете ги содржините на Галеријата

Одберете

Мени

>

Галерија

.