Nokia C2 01 - Вметнување мемориска картичка

background image

Вметнување мемориска картичка

Користете само компатибилни microSD картички одобрени од Nokia за користење

со овој уред. Nokia користи одобрени индустриски стандарди за мемориски

картички, но некои видови може да не се целосно компатибилни со овој уред.

Некомпатибилните картички може да ја оштетат картичката и уредот или

податоците зачувани на картичката.

Вашиот уред поддржува microSD мемориски картички со капацитет до 16 GB.
Со уредот може да е обезбедена компатибилна мемориска картичка и може веќе

да е вметната во уредот. Ако не, сторете го следново:

1 Отворете го поклопецот на слотот за мемориска картичка.

2 Вметнете ја картичката во слотот за мемориска картичка со површината за

контакт свртена нагоре и притиснете ја се додека не се заклучи на своето место.

3 Затворете го поклопецот на слотот за мемориска картичка.