Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката. Доколку уредот покажува
дека батеријата е слаба, сторете го следново:
1 Вклучете го полначот во ѕиден штекер.
2 Поврзете го полначот со уредот.
3 Кога батеријата покажува дека е целосно наполнета, откачете го полначот од
уредот, а потоа и од ѕидниот штекер.
Не треба да ја полните батеријата за некој одреден период на време и можете да
го користите уредот додека истиот се полни. Ако батеријата е целосно испразнета,
може да поминат неколку минути пред индикаторот за полнење да се појави на
екранот или пред да можат да се направат било какви повици.