Итни повици
Упатување на итен повик
1
Уверете се дека уредот е вклучен.
2
Проверете дали постои соодветна јачина на сигналот. Можеби ќе биде потребно да го направите следното:
Информации за производот и безбедноста 39
•
Вметнете SIM картичка.
•
Отстранете ги ограничувањата на повици што сте ги активирале на Вашиот уред, како што се забрана на
повик, фиксно бирање или затворена корисничка група.
•
Уверете се дека Вашиот уред не е во офлајн профил или профил во лет.
3
За да го испразните екранот, притиснете го копчето за завршување онолку пати колку што е потребно.
4
Внесете го официјалниот итен број за Вашата моментална локација. Итните броеви за повикување се разликуваат
според локацијата.
5
Притиснете го копчето за јавување.
6
Соопштете ги неопходните информации што е можно попрецизно. Не прекинувајте го повикот додека не добиете
дозвола за тоа.
Важно: Активирајте ги мобилните и интернет повиците, доколку Вашиот уред поддржува интернет повици.
Уредот може да се обиде да оствари итни повици преку мобилните мрежи и преку Вашиот обезбедувач на интернет
повици. Не може да се гарантираат конекции во сите услови. За важни разговори, како што се итни медицински случаи,
никогаш не потпирајте се само на кој било безжичен уред.